Репрезентацијата на Србија немаше поголеми проблеми во дуелот со слабата Андора и успеа да слави со 3:0 на домашен терен во рамките од новото коло во Мундијалските квалификации.
Овој меч го одбележа Александар Митровиќ кој ги постигна сите три гола, и кој секако беше најдобар поединец на овој дуел. По ремито во Албанија, Србија сега стигна до четвртиот бод во оваа кампања.
Од друга страна пак, токму Албанија направи кикс со ремито 1:1 во Летонија. Домаќините најпрво промашија пенал, па си постигнаа автогол преку Черноморџис, за да истиот играч потоа постигне и гол до полувреме. Истиот резултат остана до крајот на мечот.
Холандија со високи 8:0 ја совлада Малта, додека пак Романија беше подобра од Кипар со 2:0. Австрија на рутина во Сан Марино дојде до 0:4.