Челзи со нова мега понуда за крилниот напаѓач на Дортмунд

454

Тимот на Челзи иако првично беше одбиен од страна на Борусија Дортмунд кога станува збор за услугите на крилниот напаѓач Џејми Гитенс, сепак, тимот од Лондон не се откажува, напротив.

По првично одбиените 35 милиони евра, сега Челзи ја подобри понудата која овојпат изнесува 50 милиони за 20 годишниот крилен напаѓач.

Гитенс е дете на Рединг, но на девет годишна возраст мина токму во Челзи. Следна негова станица беше тимот на Манчестер Сити, по што се пресели во Дортмунд во 2020 година.

ФОТО GITRENS X

 

ПретходноМанчестер Сити го официјализираше Черки
СледноБарселона го доведува голманот на Еспањол