Од денеска Имран Фетаи е ново име во редовите на шампионот на Македонија. Шкендија попладнево го потврди трансферот со довчерашниот дефанзивец на Беса, кој претходно играше и за Тиквеш, Гостивар, инаку потекнува од школата на тетовските црвено – црни и важи за еден од нашите најдобри млади дефанзивци.
Фетиа има играно за сите младински селекции на Македонија а за У-21 селекцијата настапил на 15 меча.
Од друга страна Шкендија информираше дека Стефан Коцев, исто така дефанзивец, нема да биде дел од тимот за наредната сезона. Секако дека Шкендија му се заблагодари на Коцев за досегашниот негов придонес за клубот од Тетово.
ФОТО: ФК Шкендија/ФБ