Денеска во Тирана започнува Балканското првенство за одбојкарки до 19 години. Ова е првото балканско првенство во одбојка ова лето и ветува пет возбудливи дена. Осум репрезентации ќе се натпреваруваат за титулата, поделени во две групи.
Македонската репрезентација се најде во групата „Б“ заедно со селекциите на Бугарија, Турција и Косово, додека во првата група се домаќинот Албанија, Србија, Романија и Босна и Херцеговина.
Македонија предводена од селекторот Митев првиот настап ќе го има денеска од 13 часот кога се среќаваме со еден од фаворитите на првенството, селекцијата на Бугарија.