Бојан Блажески е најновото засилување за амбициозниот проект на ГРК Охрид. Охриѓани денеска се пофалија со новото голманско име кое во нивните редови доаѓа од екипата на Бутел.
Блажески осум години го бранеше голот на бутелчани, пред да замине ова лето и да ја прифати понудата на Охрид. Тој ќе им се приклучи на Чаневски и Ѓорѓески кои веќе се дел од тимот.