Горан Андоновски од Охрид е нов тренер на екипата на Младост од Богданци. Како што потврдија денеска од клубот, Андоновски ќе го преземе тимот за новата сезона.
Андоновски е поранешен докажан врвен репрезентативец на Македонија со меѓународно искуство зад себе. Во Богданци доаѓа со доста врвни резултати како тренер во Македонија и во Европа и заедно со Мите Стоилов, Далибор Луќиќ и Горан Паунков треба да бидат столбот на тренерската структура за иднината на РК Младост 1977 и младата екипа која ја има Богданци.
Од клубот најавија дека во следниот период ќе бидат објавени и новите засилувања.