Анчелоти го однесе Бразил на СП, Аргентина се спаси од пораз со Колумбија! (ВИДЕО)

5813

Карло Анчелоти и да сакаше не можеше да си подари поубав роденденски подарок. Имено на својот втор меч како селектор на Бразил ја запиша првата победа, и тоа против Парагвај, со која селекцијата на најфудбалската земја во светот и дефинитивно се пласираше на СП. Стрелец на победничкиот гол беше Винисиус во 44.минута по асистенцијата на Чуња.

Сепак Бразил не беше на потребното ниво, играта на избраниците на Дон Карло беше разочарување на фановите на таа селекција.

Ова беше меч од 16.коло во квалификациите за СП 2026.

Светскиот првак Аргентина дома, и тоа со Меси во составот, во дербито на колото одигра 1:1 со Колумбија на свој терен.

Гостите поведоа со голот на Луис Диас во 24.минута, следуаше исклучувањето на Фернандес во 70.минута, а десет минути подоцна Алмада донсе израмнување.

Сепак без разлика на ова реми, “гаучосите“ одамна обезбедија “виза“ за Мундијалот.

На останатите мечеви Уругвај со 2:0 славеше против Венецуела, додека Перу и Еквадор одиграа без голови.

ФОТО: ЦБФ/ФБ

ПретходноАнглија загуби од Сенегал на домашен терен
СледноСега е готово: Вирц во Ливерпул за рекордни 150 милиони евра!(ФОТО)