Димитар Ѓеоргиевски и натаму ќе биде дел од тимот на РК Бутел. Организаторот на игра потпиша нова соработка со клубот која е важечка на уште две години односно до 2027 година.
Тој е заедно со Бутел Скопје уште од формирањето на клубот и со одработувањето на новиот договор ќе комплетира една деценија.
Претходно и тренерот Горан Кузманоски ја продолжи соработката со Бутел Скопје, а допрва ќе бидат промовирани новите засилување.