Уште едно засилување во редовите на ГРК Охрид, и тоа репрезентативно. Имено довчерашниор ракометар на Алкалоид, Давид Савревски е новото име во тимот која прави “дар-мар“ на трансфер пазарот и кој следната сезона се очекува да им биде голем ривал на Алкалоид, Пелистер и Вардар во битката за самиот врв на мак – ракометот.
Савревски е висок 195 см, игра на позицијата десен бек и има само 22 години. Тој стави потпис со “Гладијаторите“ на две години.
Инаку Савревски во Алкалоид ги мина последните три сезони, беше дел од тимот кој направи блескав и историски успех освојувајќи го ЕХФ Европскиот Куп а претходно го носеше дресот и на Вардар.