Во моментов селекторот на У17 репрезентацијата на Македонија, Драган Начевски станува дел од стручниот штаб на ФК Вардар. Поточно, популарниот „Гриц“ ќе биде нов помошник на шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски за претстојната сезона.
Начевски веќе се приклучи на подготовките на Вардар, кои стартуваа пред неколку дена.
Се работи за еден од најперспективните фудбалски тренери во Македонија, кои што има искуство со работа пред се во Фудбалската Федерација на Македонија. Покрај тоа, Начевски секако во Вардар се чувствува како дома, затоа што голем дел од неговата фудбалска кариера ја мина токму во најтрофејниот македонски фудбалски колектив.