Македонската делегација на Европското првенство за играчи до 21 година во Словачка уште денеска на првиот ден од шампионатот ќе има своја задача.
Нашиот судија Игор Стојчевски ќе биде четврти судија на вечерашниот меч во Трнава (21 ч.) меѓу Италија и Романија, а на истиот натпревар Филип Поповски ќе ја има улогата на делегат.
Стојчевски и Поповски добија големо признание за својата досегашна работа со тоа што се дел од овој собир на најдобрите млади европски селекции.