По блескавите резултати во текот на овој јунски квалификациски циклус, реми со Белгија дома (1:1) и победа на гости кај Казахстан (1:0), Македонија и тоа како ќе напредува на ФИФА листата.
Имено проекциите и математиките се дека нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе напредува најмалку четири места на ФИФА листата и дека на 10 јули, кога ќе биде објавена официјалната листа, Македонија ќе осамне на 63.место на оваа листа и ќе биде 63-та фудбалска сила во светот.
Да потсетиме дека на последното рангирање, кое сеуште важи, нашата најдобра фудбалска репрезентација се наоѓа на 67-то место на ФИФА ранг листата.
Секако дека ова е уште еден доказ за добрите работи кои се случуваат во нашиот најдобар репрезентативен тим, секако со доаѓањето на новото фудбалско раководство во ФФМ на чело со Масар Омарагиќ.
Инаку сите честитки за капитенот Енис Барди и неговите соиграчи и честитки за стручниот штаб на нашата селекција.