Бојан Миовски беше дел од селекцијата на Македонија која во текот на овој јунски циклус во квалификациите за СП 2026 освои четири бода и го задржа лидерското место во групата Ј.
Иако против Белгија и Казахстан не успеа да се запише во листата на стрелците, сепак Бојан и тоа како одигра добро, како и сите во нашиот табор.
За тоа каква му е ситуацијата во Џирона, Македонецот за медиумот “РГ“ даде свое видување, одговор кој беше само дел од големото интервју, кое го пренесуваат и медиумите во Шкотска:
“Минатото лето потпишав долгорочен договор со Џирона. Играв во Лигата на Шампионите со што го остварив својот сон. Потоа дојдоа повредите. Не можам сега да бидам дециден, јас се гледам себеси и во наредниот период во Ла Лига во дресот на Џирона, но дали останувам или не, тоа не зависи само од мене. Што се однесува до Абердин нема дилеми. Еден ден секако дека ќе се вратам во Шкотска и повторно ќе го облечам дресот на Абердин“ рече покрај другото нашиот репрезентативен напаѓач.
Инаки медиумите во Шкотска во изминатите две недели го поврзуваа Миовски со трансфер во Селтик.
ФОТО: ФЦ Џирона/ФБ