Му дадоа 2,55 милиони долари за освојувањето на Ролан Гарос, па сега ќе му ги земат половина

5109
фото: Roland-Garros (X)

22-годишниот Алкараз ја одбрани титулата на Ролан Гарос од минатата година откако го победи италијанскиот тенисер Јаник Синер во најдолгото финале во историјата на Грен Слем турнирот и заработи 2,55 милиони долари од наградниот фонд. Сепак, како што објавија шпанските медиуми, Французите ќе му земат половина од сумата поради даноци.

Даночниот систем кај професионалните тенисери е различен од повеќето други спортови. Тенисерите плаќаат даноци во земјата каде што ги заработуваат парите, па според француските даночни закони, шпанскиот тенисер ќе мора да плати комбинација од национален и регионален данок на доход од 46 проценти. Ова значи дека француските даночни власти ќе задржат околу 1,18 милиони евра од парите кои Алкараз ги доби за титулата на Ролан Гарос, додека нему ќе му останат 1,37 милиони евра.

ПретходноТудор и Јувентус си подале рака за нов договор до 2027 година, потпис во петок
СледноПанатинаикос е новиот клуб на Ти-Џеј Шортс