Мигел Гутиерез, левиот бек на тимот на Џирона, е трансферна цел на тимот на Наполи за следната сезона. Италијанскиот шампион, оди во финален обид да го доведе дефанзивецот кој има откупна клаузула од 35. милиони евра.
Од друга страна пак Реал Мадрид има опција да го врати бекот кај себе за осум милиони евра но тоа нема да се случи. Гутиерез минатата година имаше опција сам да се врати ан Сантијаго бернабе но одлучи секако да остане во Џирона и да игра Лига на Шампиони.
Реал секако ќе добие 50% од трансферот на Гутиерез, многу битен момент во договорот на бекот.
ФОТО: GUTIEREZ X