Навистина неверојатно. Иван Перишиќ на 36 години е пред трансфер во Барселона?! Ова го јавуваат медиумите во Каталонија, но и “исајдери“ кои се блиски до каталонската гордост.
Се пренесува дека ова доаѓа по желба на стратегот на Барса, Ханси Флик кој има и тоа како високо мислење за хрватскиот ветеран уште од времето кога заедно беа во Баерн Минхен.
Позната е неговата“епизода“ во Хајдук, за да потоа имаше супер сезона во ПСВ Ајндховен, сега е слободен играч и добро ќе му дојде на Флик во таа ротација за следната сезона.
Хрватот би бил резерва на Рафиња по левата страна, а ако затреба тогаш би можел да помогне и по десната офанзивна страна како резерва на Ламине Јамал.
Можеби е неверојатно, но звучи интересно.