Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, потоа еден од најдобрите наши фудбалери, Елиф Елмас, освојувачот на среброто од ОИ во Токио, Дејан Георгиевски, легендарниот Шабан Трстена, селекторот на таеквондо репрезентацијата Борче Костовски се и официјално почесни граѓани на Општина Бутел.
Ова доаѓа на иницијатива на градоначалникот на оваа Општина, Дарко Костовски, а на сите нив, вчера во свечена церемонија им беа доделени пласкети за посебен придонес во областа на спортот.
ФОТО: Општина Бутел/ФБ