Сега е и официјално. Тијанџи Рејндерс е најновата аквизиција на Пеп Гвардиола и Манчестер Сити. Откако холандскиот играч за врска и довчерашен член на Милан, ги мина лекарските прегледи, тој стави потпис на договорот со Сити а веднаш потоа беше и официјално промовиран.
Секако дека ова е големо засилување, уште едно ова лето, за Манчестер Сити.
Нема дилеми дека Пеп Гвардиола во наредната сезона, посебно ако се знае дека се враќа Родри, и тоа како има мега – тим и шанса да ги нападне сите титули до кои може да дојде.
Тијанџи Рејндерс најмалку во следните пет сезони ќе го носи дресот на Манчестер Сити.
ФОТО: ФЦ Манчестер Сити/ФБ