Панатинаикос е новиот клуб на Ти-Џеј Шортс

264

Тренерот на грчки Панатинаикос, Ергин Атаман, потврди дека тимот ќе го има еден од најголемите трансфери во Евролигата ова лето.

Во интервју за турскиот медиум ХТ Спор, Атаман откри дека Панатинаикос постигнал договор со македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, досегашниот бек на Париз.

„Досега во Панатинаикос, она што е јасно е дека го потпишавме Ти Џеј Шортс – најважниот играч на сезоната“, рече Атаман.

ПретходноМу дадоа 2,55 милиони долари за освојувањето на Ролан Гарос, па сега ќе му ги земат половина
СледноБраун го оперираше коленото, ќе се врати подготвен за новата сезона