Пипо Инзаги ќе биде тренер на Палермо

258

Иако со тимот на Пиза избори пласман во Серија А, сепак, Пипо Инзаги нема да го води овој клуб во елитата на Италија. Туку ќе биде нов тренер на екипата на Палермо. Италијанските медиуми јавуваат дека е постигнат договор помеѓу овие два клуба и Инзаги многу скоро ќе биде промовиран.

Постариот од браќата Инзаги немаше премногу успех со водење на тимови во елитата. Беше дел од Милан, Беневенто, Болоња, Бреша, Реџина и Салернитана. Со Венеција беше првак на Серија Ц, а со Беневенто ја освои Серија Б.

FOTO INZAGI X

 

ПретходноСедлоски денес беше сведок на судењето на Мамиќ: Динамо не ми остана должен ништо
СледноЦрвена Звезда ќе се засили со Бабика од Тулуз