Сега е готово: Вирц во Ливерпул за рекордни 150 милиони евра!(ФОТО)

478

Сега и дефинитивно може да се каже дека Флоријан Вирц е нов фудбалер на Ливерпул. Ноќеска и утринава сите релевантни медиуми во Германија и на Островот, секако и “инсајдерите“ објавија дека Ливерпул и Леверкузен конечно го договорија овој трансфер, и тоа за 150 милиони евра. Оваа сума е рекордна во Премиерлигата, досега ниту еден клуб на купил играч за таа сума.

Најдобриот германски фудбалер беше желба и на Манчестер Сити, Реал Мадрид и Баерн Минхен, но ете “Редси“ ја добија војната.

По ова излегува дека Баер Леверкузен и дефинитивно не блефираше кога истакна дека под 150 милиони евра, тука се вклучени и бонусите, нема намера го продаде својот најдобар фудбалер. Ливерпул почна со 110 милиони евра, па мораше во неколку наврати да ја зголеми понудата, и ете, успеа да го добие Вирц, веројатно еден од ТОП 5 фудбалери во овој момент во светот.

Со него, со Салах, Ван Дајк и со сите оние останати засилувања, сепак беа Трент, Ливерпул ќе има “страшен“ тим. Арне Слот ќе има фантастичен тим.

ФОТО: ФЦ Леверкузен/ФБ

ПретходноАнчелоти го однесе Бразил на СП, Аргентина се спаси од пораз со Колумбија! (ВИДЕО)
СледноНевидена катастрофа: Историски срам за Англија!