Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, се појави како сведок во случајот таканаречен Динамо 2 во судот во Осијек, Хрватска. Големата афера која што со години се врти низ судовите во Хрватска, а го опфаќа некогашниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, стигна и до нашиот Гоце Седлоски, кој што се појави како сведок на едно од рочиштата кое што се одржа денес.
Некогашниот капитен на репрезентацијата на Македонија, но и токму на Динамо Загреб сведочеше дека нему клубот од Максимир не му останал должен ништо иако према обвинението, клубот е оштетен за три милиона евра, токму преку исплата на непостоечки долгови меѓу кои и кон Седлоски. Нашиот искусен тренер сето тоа го негираше денеска. Покрај Седлоски, на судењата како сведоци се појавија и Лука Модриќ, Дејан Ловрен и уште неколку играчи од тие времиња на Динамо, кога Здравко Мамиќ беше алфа и омега во клубот.
Од Хрватска, Седлоски директно ќе се упати за Словенија, каде што од утре Вардар ги почнува подготовките за новата сезона.