Секој вистински фудбалски фан на оваа планета рони солзи и се прашува дали со тој изнамачен палестински народ има некој што е со него. Пред се мислиме на некоја виша сила.
Зарем Палестина и нејзиниот народ не заслужија барем малку среќа и радост? Зарем никој, ама баш никој во овој проклет свет не може малку да ги израдува Палестинците?
Глупаво е да се каже дека Палестсинците во Аман ги снајде трагедија ако се знае дека во Газа се губат по десетина животи на ден, но сепак може да се каже дека Палестина ја снајде фудбалска трагедија.
Имено секунди недостигаа фудбалска селекција на Палестина да се најде во бараж за СП 2026!
Палестина – Оман беше средбата која од познати причини се играше во Аман (Јордан). На домашната селекција и требаше победа и истата ја имаше до 90+7.минута и водство од 1:0. И тогаш пенал за гостите кои го реализираа за 1:1.
Следуваше плач, тага, неверување кај фудбалерите и фановите на Палестина.
СРЦЕ ДА ТИ ПУКНЕ!
БОЖЕ КАДЕ СИ?
ФОТО: Фудбалски сојуз на Палестина/ФБ