Струга ТЛ во преговори со тренерот на Тирана!

296

Раководството на Струга ТЛ сеуште не одлучило кој ќе ја предводи екипата во наредната сезона. Откако Илчо Ѓорѓиоски, по поразот во финалето во Купот на Македонија, доби отказ, довчерашниот шампион е во потрага по нов стратег. Се шпекулираше со повеќе домашни тренерски имиња, имаше разговори и преговори со Србинот Драган Аничиќ, а најново е тоа што се водат разговори со Бледи Шкемби (45), кој во моментов е тренер на Тирана.

Како што велат нашите информации, Струга ТЛ му доставило понуда на еден од најдобрите тренери во таа земја, сега негово е да одлучи дали ќе остане во Тирана или ќе дојде во Македонија.

Инаку Шкемби покрај Тирана бил тренер и на Теута, Динамо Тирана, Балкани а бил и селектор на младински селекции на својата земја.

Како фудбалер има 14 настапи за својата земја, а играл во екипите на Скендербег, Ријека, Металург Запорожје и други.

ФОТО: КФ Тирана/ФБ

ПретходноНеверојатно: Перишиќ на 36 години прави трансфер во Барселона?!
СледноОфицијално: Рејндерс во дресот на Манчестер Сити! (ФОТО)