Од вчера и официјално стартуваше ерата на Чаби Алонсо во Реал Мадрид. Дон Карло е веќе минато, а сега на сцена стапува човекот кој со Леверкузен правеше чуда во изминатите две години.
Јасно е дека најголемиот клуб во светот од својот нов стратег очекува враќање на титулите во Ла Лига и ЛШ, и тоа Чаби го знае.
Вчера попладнето Алонсо го одработи првиот тренинг со “кралевите“, поточно со оние играчи кои му беа располагање.
Тука беше и Родриго. Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Чаби Алонсо и Бразилецот имале разговор по кој двајцата се сложиле дека најдобро е за сите Родриго да остане. Тој тоа го сакал а Чаби Алонсо имал големи планови со него.
По ова може да се заклучи дека сагата заврши, Родриго останува на “Сантијаго Бернабеу“.
ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ
☀⚽🧤🔥
📺 INSIDE TRAINING 👉 RM PLAY— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 10, 2025