Коларов од У21 селектор на Србија заминува во Интер

285

И тоа како помошник на новоназначениот прв тренер на тимот, Кристијан Киву. Финалистот во овогодинешната Лига на Шампиони, прави промени во стручниот штаб. Инзаги замина, на негово место е доведен Киву како лидер на тимот, а тој секако дека си создава своја екипа околу себе.

Одлуката падна на неговиот некогашен соиграч токму од Интер, Александар Коларов, кој што до овој момент беше селектор на У21 репрезентацијата на Србија.

Секако, Коларов веднаш прифатил да се пресели во Милано, со назнака дека добил веднаш и одобрение од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија.

ПретходноПандев: Горд сум на она што го направивме и сме инспирација за новите генерации
СледноДраган Начевски во стручниот штаб на Седлоски