Ливерпул бара 70 милиони евра за Дарвин, Атлетико (М) се мисли

338

Ливерпул нема проблем да го продаде Дарвин Нуњез, но сумата која заинтересираните треба да ја платат е 70 милиони евра.

Претходно беше објавено дека напаѓачот ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.

Англичаните тргнуваат од оваа сума при проценката на трансферната вредност на Нуњез, пишува новинарот Бен Џејкобс. Самиот играч не ја исклучува можноста за преселба во Саудиска Арабија, но би сакал да се приклучи во тим од Шпанија или Италија. Засега се знае дека за него е заинтересиран Атлетико Мадрид.

ПретходноКадетките почнаа со пораз на Балканското првенство во Тирана
СледноТенисерите побараа поддршка од трибините за утрешниот решавачки меч со Молдавија