Пандев: Горд сум на она што го направивме и сме инспирација за новите генерации

943

Македонскиот фудбалски врв денеска беше почестен со присуство во Владата на Република Македонија, каде што премиерот Христијан Мицкоски додели национални признанија на заслужните спортисти.

Меѓу нив секако и Горан Пандев и Илија Најдоски, кој заедно со претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, како и со генералниот секретар Леонид Јандреоски присуствуваа на оваа свеченост.

„Признанието е за сите што беа дел од мојот пат. Горд сум што инспириравме нови генерации.” – истакна Горан Пандев во своето излагање.

ПретходноНаполи во финален обид да доведе лев бек од Шпанија
СледноКоларов од У21 селектор на Србија заминува во Интер