Агаси за Алкараз: Тој ги има сите квалитети на Новак, Рафа и Роџер, па можеби и поголеми!

200

Карлос Алкараз просто воодушеви со тоа како го одигра финалето на Ролан Гарос кога со пресврт го победи Јаник Синер и го освои овој гренслем. Самиот меч со Синер беше фантастичен кој траеше повеќе од 5,5 часови, тоа беше вистинско тенискo уживање.

Секако дека после ова сите во светот на тенисот се прашуваат што може Карлито да направи во понатамошниот тек од кариерата и дали ќе може да ги надмине Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Еве што мисли на таа тема легендарниот Андре Агаси:

Алкараз ги има сите квалитети на Новак, Рафа и Роџер, можеби и поголеми. Карлос е неверојатен. Ја има дефанзивната брзина на Новак. Има темпо како Рафа, па можеби и поинтензивно. Го има чувството на игра ја Федерер, а според мене и поизразено. Јасно е дека сето тоа треба да се вклопи, но според мене Алкараз во некои сегменти на својата игра е подобар од сите овие тројца“ посочи покрај другото Агаси.

ФОТО: Ролан Гарос/Х

ПретходноРакометниот шампионат следната сезона поинаку ќе функционира
СледноУште еден мурал посветен на најголемиот љубимец на фановите на Партизан! (ФОТО)