Александер Арнолд: Играв за најголемиот клуб во Англија, а сега ќе играм за најголемиот во Шпанија

647

Денеска и официјално, Трент Александер Арнолд беше претставен како нов играч на тимот на Реал Мадрид.

Светот денеска беше присутен на Сантијаго Бернабе, каде што англискиот репрезентативец стана дел од најголемиот клуб на светот. Се беше подготвено за неговото пристигнување кое што беше најавувано со месеци, и тоа денеска се случи.

„Многу емотивен ден за мене, ден што го чекав долго време. Задоволен сум и среќен. Сонот мој стана реалност, а тоа е да бидам тука. Морам напорно да работам. Учам шпански веќе неколку недел. Овој клуб освојува многу трофеи, сакам да освојувам титули тука и да бидам дел од успехот на овој клуб“, започна Александар-Арнолд.

„Имаме млад тим со голем потенцијал. Менталитетот е да се освојуваат трофеи. Одиме во САД на Светското клупско првенство и се надевам дека ќе можеме да започнеме таму со трофеи“, продолжи англискиот репрезентативец.

„Се надевам дека можеме да постигнеме големи работи со тренерот, тој беше мој идол како дете и работењето со него е сон што стана реалност. Ќе работам напорно, гладен сум за успех. Сигурен сум дека ќе разговараме во наредните денови. Не сум единствениот нов тука. Тој покажа колку е одличен тренер и личност“, рече Трент за Чаби Алонсо.

„Дани Карвахал е фантастичен играч кој освои многу трофеи, имам огромна почит кон она што го освои. Има многу талент, работи многу напорно. Огромна почит“, рече новиот десен бек на Реал за својот најголем ривал. Разговарав со Џуд Белингам, тоа не е она што луѓето го мислат, но разговаравме за Ливерпул, Реал Мадрид. Тој е одличен играч и пријател. Целиот свет поставува прашања и мисли дека тој имал голема улога во мојот трансфер, но на овој клуб не му треба претставување“, откри Трент.

„Постои мала група англиски играчи кои играле за Реал Мадрид, многу емотивно е за мене да бидам дел од таа група. За мене е многу посебен момент да бидам тука. Има суперѕвезди во овој тим, играв против нив. Неверојатно е да се игра за Реал Мадрид. Морам да покажам што можам да направам. Тука сум за да уживам. Донесувањето на оваа одлука не беше лесно. Поминав многу години во Ливерпул, но оваа фаза е завршена. За мене тоа е вистинската одлука. Играв за најголемиот тим во Англија, а сега сум во најголемиот тим во Шпанија. Ова се тимови кои доминираат. Чест ми е што имав можност да ги претставувам и двата“, рече Трент Александар-Арнолд.

ПретходноОфицијално: Кевин Де Брујне е нов играч на Наполи
СледноМакедонија подобра во двојки, и со вкупни 2:1 ја совлада Молдавија