Екипата на Партизан го освои деветтиот пехар во АБА-лига, откако на четвртата финална средба славеше против Будуќност со 90-75 за конечни 3-1 во плеј-оф серијата. Избраниците на Жељко Обрадовиќ после пауза од една сезона се враќаат на врвот на јадранот.
По релативно изедначената игра во првото полувреме, „црно-белите“ пред полни трибини во Арена, добро ја отвори третата четвртина во која водеше со 16 поени разлика 65-49. На другата страна Будуќност се обидуваше да се врати во мечот, но Партизан не дозволи, веќе беше влезен во ритам и сигурно чекореше кон победата, пред крајот на последнара четвртина успеа и да поведе со 20 поени разлика.
Партизан до клучниот триумф го предводеа Брендон Дејвис и Стерлинг Браун со по 18 поени, и Карлик Џонс, кој имаше 17 поени и девет асистенции. За поразениот Будуќност, Ферел постигна 23 поени, а Никола Танасковиќ 14.
Crno-beli grad!⚫️⚪️ pic.twitter.com/JzmH6pHEZI
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) June 12, 2025