Дејвис Куп: Мицов го победи Горбан, Македонија поведе против Молдавија!

185

Во првиот меч од денешниот дуел против Молдавија, Мицов со ефектни 2:0 успеа да го победи Горбан и со тоа да и донесе водство на Македонија од 1:0.

Нашата тениска селекција денеска се натпреварува со Молдавија во меч од 3.коло во Дејвис Купот од третата зона, турнир кој се игра во Скопје.

Нешто подоцна на терен треба да истрча Калин Ивановски кој ќе бие битка против Снитари. Во случај на победа на Калин тогаш Македонија ќе слави против Молдавија и нема да биде важен резултатот од мечот во двојки.

Во случај на победа тогаш Македонија ќе има големи шанси да се најде во втората зона во Дејвис Купот.

ФОТО: Тениска федерација на Македонија

ПретходноФК Карпошово поддржан од ФФМ и УЕФА фондацијата за деца, дел од настанот “ТЕРЕН БЕЗ ГРАНИЦИ“ за лица со интелектуална попреченост! (ФОТО)
СледноШокантно: Дуран по само шест месеци сака да си оди од Ал Наср!