Репрезентацијата на Молдавија успеа да изедначи на 1-1 во добиени мечеви. Во вториот сингл Илја Снитари го совлада Калин Ивановски со 2-0 во сетови (63 62) во сетови за 97 минути игра. За конечниот победник на дуелот Македонија – Молдавија ќе решава мечот во двојки.
Почетокот на мечот и сетот беше во знак Снитари кој поведе со 2:0 во гемови, загубениот гем Калин го врати со ри-брејк и намали на 2:1, но Молдавецот успеа да направи нов брејк за 3:1 во гемови. До крајот на сетот Снитари успеа да ја зачува предоста и со тоа да го добие сетот со 6:3. Во вториот сет тенисерот од Молдавија стартуваше со два брејка за предност од 3:0, што се покажа како решавачко иако Ивановски во завршницата на сетот имаше одлични гемови на свој сервис со неколку асови, но противникот успеа да го заврши сетот со 6:2 во гемови и со тоа да изедначи во вкупниот резултат на 1-1.
Според тоа ќе решава мечот во двојки за Македонија се пријавени Ивановски и Мицов, додека за Молдавија Андреја Циумак и Снитари.
Фото: Игор Паневски