Зајков со трансфер во Емиратите, ќе игра за Ајман!

866

Само неколку дена по одличните настапи за националниот тим на дуелите со Белгија (1:1), и Казахстан (0:1), нашиот репрезентативен стопер прави одличен и богат трансфер.

СпортСпорт од сигурни извори дознава дека Ѓоко Зајков многу малку беше слободен играч ова лето, по завршувањето на договорот со екипата на Универзитатеа Крајова.

По три сезони минати во Романија, стоперот оди на Блискиот исток и тоа во Обединетите Арабски Емирати (ОАЕ). Дефанзивецот кој има 30 години денеска ќе стави потпис на двегодишен договор со екипата на Ајман. Тим кој не е меѓу најдобрите во својата земја, клуб кој лани заврши на 10. место од табелата, но екипа која има добар буџет и добро плаќа.

Ѓоко Зајков како слободен играч заминува во Ајман на инсистирање на српскиот тренер Горан Туфегџиќ. Предходни Зајков настапуваше за екипите на Ворскла, Славија Софија, Левски, Шарлоа и Работнички.

ПретходноИстанбул во екстаза, Сане претставен како нов играч на Галатасарај
СледноЌе има премија од ФФМ: Фудбалерите ќе поделат 150.000 евра!