Истанбул во екстаза, Сане претставен како нов играч на Галатасарај

292

Како во ретко кој клуб, вистинска еуфорија вчера и денес се создаде во Истанбул, откако беше објавено дека Лирој Сане, досегашниот играч на БАерн Минхе, доаѓа и потпишува за Галатасарај.

Милиони навивачи се во вистинска екстаза, откако Сане доцна синоќа се упати кон Истанбул, и денеска официјално беше претставен како нов играч на Галатасарај.

Фантастичната сума од 15 милиони евра по сезона, за Галатасарај е огромна но ете клубот се одлучи да донесе огромна ѕвезда, која што секако дека ќе ги полни и страниците на медиумите, и тв емисиите, а нормално и стадионите ширум Турција.

 

ПретходноМанчестер Јунајтед се пофали со Матеус Куња
СледноЗајков со трансфер во Емиратите, ќе игра за Ајман!