Каква “БОМБА“: Сане го “запали“ Истанбул, сега Галата му нуди 20 милиони евра годишно на Осимен, а го сака и Гундоган!

561

Што ли прават челниците на Галатасарај? Имено од синоќа овој гигант од Босфорот е во епицентарот на вниманието во светскиот фудбал откако успеа да го ангажира германскиот репрезентативец Лирој Сане.

Германецот е веќе во Истанбул, договорот е потпишан, останува само уште официјално да биде извршена промоцијата.

Но се ова е стара приказна. Имено сега Галата сака да го задржи Виктор Осимен и му нуди 20 милиони евра годишна плата и сака да го откупи од Наполи за 75 милиони евра.

Исто така посакува да го донесе и Илкај Гундоган од Манчестер Сити и му нуди 6 милиони евра годишна плата.

Што навистина се случува на Босфорот. Фановите на турскиот шампион се во транс.

Акосе остварат сите овие најави тогаш Галата за следната сезона би имала мега – тим од Осимен, Сане, Икарди, Гундоган….

ФОТО: ФЦ Галатасарај/ФБ

ПретходноШкендија и Цаке ја продолжија соработката!(ВИДЕО)
СледноЕдукативниот центар при ФФМ воведе нова едукација за заштита на деца и млади за тренерите кои се едуцираат за Ц и Б лиценца!