Кузмановски ги изненади младинците на тренинг, и им посака среќен пат во Келн

931

Капитенот на Е.Пелистер, Филип Кузмановски денеска се појави на тренингот на младинците на клубот, кои што заминуваат на фајнар фор турнирот во Келн од младинската Лига на Шампиони.

Секако, македонскиот репрезентативец ги поздрави младите ракометари, им даде поддршка и им посака среќа на претстојниот турнир.

Експедицијата на Е. Пелистер утре патува за Келн и во терминот од 20:00 часот ќе го одржи официјалниот тренинг пред полуфиналето против ГОГ Гудме. Натпреварот за пласман во финалето се игра в сабота на 14 јуни во 09:00 часот во Дормаген.

ПретходноЌе има премија од ФФМ: Фудбалерите ќе поделат 150.000 евра!
СледноОфицијално: Кевин Де Брујне е нов играч на Наполи