Македонската тениска репрезентација која на домашен терен во Скопје во моментов го игра Дејвис куп турнирот, предмалку со конечни 2:1, беше подобра од селекцијата на Молдавија.
Во одлучувачкиот меч во двојки во кој за нас настапија Калин Ивановски и Стефан Мицов, Македонија победи со 2:1 по сетови и по многу борба.
Првиот сет Македонија го доби со 6:4, а во вториот по многу борба и конечни 7:9 во тај брејкот, Молдавија израмни на 1:1.
Конечно, во одучувачкиот сет, Македонија со 6:3 обезбеди конечен триумф денеска.