И официјално, Матеус Куња е нов играч на тимот на Манчестер Јунајтед. Пред десетина минути клубот се пофали со најновиот потпис кој што е вреден 65. милиони фунти во трансферот од Вулверхемптон.
Бразилецот е првото засилување за Јунајтед летово, а клубот нормално како и години наназад и овојпат ќе проба да се рехабилитира од очајната сезона и летово да изгради екипа која што конечно резултатски ќе го крене Јунајтед од мртвило.
Офанзивецот потпиша петгодишен договор, со опција за продолжување на истиот на уште една до 2031. година.