„Миле Паника“ во друштво на врвни професионалци: Ретка слика, со ретки луѓе!

1188

Легендарниот „Миле Паника“ (Бранко Огњановски) од хумористичното шоу К-15 на својот „Инстаграм“ профил сподели легендарна фотографија, како што и самиот ја опиша: Ретка слика, со ретки луѓе.

Тој е во друштво на најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, единствениот Македонец кој игра во НБА-лига, Перо Антиќ, најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, кој е некогашен претседател на РФМ и главниот виновник што овој спорт стана број еден во Македонија и Ѓорѓе Војновиќ.

Фотографијата навистина нема потреба од дополнителен опис, бидејќи самите актери доволно говорат за своите успеси.

ПретходноРодриго беше на излезната врата на Реал, со кратка порака ги потврди своите планови!
СледноПозната е иднината на Кајри Ирвинг во Далас