Предмалку актуелниот шампион на Италија, екипата на Наполи, објави дека и официјално Кевин Де Брујне е е негов најнов член.
Она што беше најавено од поодамна, предмалку доби и официјализација, па белгиецот наскоро ќе биде и опретставен со дресот на Наполи.
Клубот преку социјалните мрежи се пофали со играчот кој многу ќе му помогне на тимот, затоа што едноставно е еден од топ пет офанзивците кои играле во последните десетина години.
Де Брујне мина долг период во Манчестер Сити, претходно и во Челзи односно Вердер Бремен, а време е очигледно да се исппроба и во Серија А.