По скандалот со Левандовски: Селекторот на Полска си поднесе оставка!

2092

Полската репрезентација од денеска и официјално е без селектор. Имено по сите оние случувања поврзани со Роберт Левандовски, Михал Пробиеж одлучи да си замине од функцијата – селектор на најдобрата репрезентација на Полска.

Да потсетиме дека пред неколку дена, Левандовски јавно кажа дека се додека е Пробиеж селектор тој нема да игра за репрезентацијата.

“–Дојдов до заклучок дека во сегашната ситуација, најдобрата одлука за доброто на националниот тим ќе биде мојата оставка од селекторската позиција. Вршењето на оваа функција беше исполнување на моите професионални соништа и најголема чест во мојот живот. – Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги, вработени во Полскиот фудбалски сојуз. Секогаш можев да сметам на вас. Ви благодарам што им верувавте на претседателот и на одборот на Полскиот фудбалски сојуз. Секако, сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери, кои имав задоволство да ги сретнам на овој пат. Ќе ги држам палците вкрстени за сите вас, бидејќи репрезентацијата е наш заеднички национален капитал. Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите прекрасни навивачи. Вие сте со нас во добро и во лошо. Каде и да играше репрезентацијата, вашата поддршка беше слушната“ се вели во соопштението на Пробиеж.

ПретходноЕве зошто Модриќ го одбил лекарскиот преглед со Милан!
СледноШкендија и Цаке ја продолжија соработката!(ВИДЕО)