Ракомената федерација на Македонија, предлага, а клубовите секако дека ќе прифатат, домашниот шампионат за следната сезона да претрпи измени што се однесува до вториот дел односно плеј офот и плеј аутот.
Поточно, се менува целиот концепт на пренесување на бодовите од регуларниот дел од сезоната во плеј офот односно плеј аутот. За што поточно станува збор?
Конкретно, досегашното правило вели дека првопласираната екипа имаше само еден бод предност во доигрувањето пред вториот односно третиот на табелата, како и првиот тим од плеј аутот, но од сега тоа нема да биде така.
Федерацијата предлага, ваквото пренесување на бодови веќе да не постои туку од сезомата 2025/26, сите тимови во плејофот и во плејаутот ќе го пренесат вкупниот број на бодови што го собрале во регуларниот дел од Супер-лигата. Со тоа, се штити тимот што евентуално би доминирал во првиот дел од сезоната, да не влезе во плејофот со само еден бод предност во однос на ривалите.
РФМ овој предлог очигледно го дава, затоа што чувствува дека е потребен и ќе биде добро прифатен кај клубовите.