Ако изминатите два преодни рока беа некако тивки на “Енфилд“, сега веќе не е така. Имено Ливерпул веќе го потпиша Флоријан Вирц за рекордни 150 милиони евра, исто така го доведе и Џереми Фримпонг, и двајцата од Баер Леверкузен, но “Редси“ тука не застануваат.
Најнова, и тоа “бомба“ информација од Островот е дека Ливерпул тргнува по ѕвездата на ПСЖ и репрезентацијата Франција, Фреди Баркола.
Инаку познато е дека со доаѓањето на Кварацелија и бумот на Дуе, Баркола го загуби статусот како стандарден напаѓач кај Луис Енрике и нема да биде изненадување ако раководството на ПСЖ го продаде Баркола.
За него силно е заинтересиран и Баерн Минхен, но сега Ливерпул се впушта во трката. Се споменуваше и Александер Исак, но ќе видиме.
Нема што Ливерпул новата сезона ќе ја дочека со мега – тим способен да ги освои титулите во ПЛ и ЛШ.
ФОТО: ФЦ Ливерпул/ФБ