Екипата на РК Струга и следната сезона ќе се натпреварува во Супер-лигата, откако беше подобра во бараж натпревар против РК Мулти Есенс со 24:19.
По изедначената игра во првото полувреме (12-12), поискусниот тим успеа да го подигне нивото во вториот дел, кој го доби со 12-7.
Ненад Костоски со девет погодоци го предводеше победничкиот тим, зад него беше Пајкоски со пет погодоци. На другата страна Гурмешевиќ имаше шест погодиц.