Тотенхем го претстави новиот тренер

370
Фото: Тотенхем X

Тотенхем и официјално објави дека 51-годишниот Томас Франк е новиот менаџер на клубот. Данецот потпиша договор до 2028 година, а со него од Брентфорд доаѓаат и двајца помошници и еден аналитичар.

Франк има големо искуство во англискиот фудбал. Во Брентфорд е од 2016 година и се смета за еден од најдолго активните менаџери во Премиер лигата. Под негово водство, Брентфорд се искачи од Чемпионшип до стабилен премиерлигаш.

Тој доаѓа на местото на Постекоглу, кој доби отказ по разочарувачката сезона – 17. место во лигата и освоена Лига Европа.

Франк е познат по својот динамичен и интензивен стил на игра, базиран на висок пресинг, брзи транзиции и енергичен фудбал. Брентфорд стана тим што дури и најсилните противници го доживуваа како незгоден. Познат е и по тоа што извлекува максимум од ограничени ресурси, развива млади играчи и гради силен тимски дух. Неговата тактичка флексибилност и способност за адаптација кон ривалите беа клучни фактори во изборот на Тотенхем.

ПретходноШок: Леклер го напушта Ферари?
СледноБудуќност на „колена“, Партизан се врати на врвот на АБА-лига