Уште еден мурал посветен на најголемиот љубимец на фановите на Партизан! (ФОТО)

325

На западната трибина на стадионот на Партизан осамна мурал во чест на големиот и никогаш непрежален Драган Манце, најголемиот љубимец во историјата на “црно – белите“ кој загина во сообраќајна несреќа пред 40 години. Имаше само 23 години, но сосема доволно со своите голови и начинот на кој што ги прославуваше да стане легенда, икона на Партизан.

Минаа 40 години од тогаш, но за овој период ниту еден фудбалер не му се приближи ни од далеку до славата која Манце ја имаше.

Драган Манце беше еден и единствен.

ФОТО: ФК Партизан/Х

ПретходноАгаси за Алкараз: Тој ги има сите квалитети на Новак, Рафа и Роџер, па можеби и поголеми!
СледноДејвис куп: Молдавија изедначи, дублот ќе го решава победникот