Во првиот меч од денешниот дуел против Молдавија, Мицов со ефектни 2:0 успеа да го победи Горбан и со тоа да и донесе водство на Македонија од 1:0.
Нашата тениска селекција денеска се натпреварува со Молдавија во меч од 3.коло во Дејвис Купот од третата зона, турнир кој се игра во Скопје.
Нешто подоцна на терен треба да истрча Калин Ивановски кој ќе бие битка против Снитари. Во случај на победа на Калин тогаш Македонија ќе слави против Молдавија и нема да биде важен резултатот од мечот во двојки.
Во случај на победа тогаш Македонија ќе има големи шанси да се најде во втората зона во Дејвис Купот.
ФОТО: Тениска федерација на Македонија