Ивановски: Се боревме и ова е голема победа за нас

673
Фото: Игор Паневски

Повредата го спречи од почетокот на Дејвис купот да биде на теренот. Вчера, Калин Ивановски одигра дубл меч за да го почувствува теренот, а денеска и покрај поразот во сингл мечот во дубл го одигра во вистински ритам и сервираше беспрекорно.

„Го добивме мечот во двојки. Но знаев дека мечот во двојки со Стефан мора да го добиеме и успеавме и навистина сум среќен поради тоа. Ова е голема победа за нас, која ќе ни помогне да бидеме поблиску до Втората Светска група. Мечот во двојки беше навистина интензивен и навистина сум среќен што ова вака се заврши“, изјави Калин Ивановски по мечот во дубл.

Одлични два меча денеска против Молдавија одигра Стефан Мицов (32 години), кој прво донесе водство со победата во синглот против Андреј Горбан, а потоа беше одлично надополнување во двојка со Калин Ивановски.

„Многу сум среќен што победивме. Се се сврте на наша страна, но и заслуживме. И тие имаа среќа и ние имавме среќа на крајот, но нели среќата ги „прати храбрите“. Калин мислам дека одигравме одлично, добро беше за нас што неговиот сингл меч и не беше толку тежок да се измори и во дублот сервираше феноменално, мислам дека го сруши рекордот. Задоволен сум како играм, бев повикан како резерва, јас сум веќе во тренерски води, а и донесов неколку поени“, рече Мицов.

Инаку Мицов последниот настап за македонската репрезентација го имаше во 2021 година кога и бевме домаќини.

Утре за Македонија е дуелот од 4.коло против Ерменија, аутсајдерот во оваа група и со победа ќе биде обезбеден пласман во Втората Светска група на Дејвис купот.

ПретходноПознат е комплетниот распоред за меѓународниот турнир „Марко Божиновски9“
СледноШок: Леклер го напушта Ферари?