Познат е комплетниот распоред за меѓународниот турнир „Марко Божиновски9“

152

Утре стартува четвртото издание на меѓународниот турнир „Марко Божиновски9“, кој се одржува во чест на младиот ракометар, Марко Божиновски, чиј живот згасна прерано.

Турнирот за првпат добива репрезентативен карактер, ќе учествуваат национални тимови до 17 години. Македонија ќе има две репрезентации „А“ и „Б“. Покрај нашите две селекции дел од меѓународниот турнир ќе бидат и Катар, Босна и Херцеговина, Србија и Романија.

Отварањето е закажано за утре во 18 часот на игралиштето „Марко Божиновски“, половина час по завршување свечената церемонија први на теренот ќе истрчаат Македонија А и Катар (18:30 часот), по што ќе следи мечот меѓу Србија и Романија.

Во продолжение можете да го погледнете комплетниот распоред. Турнирот ќе се одржи од 13. до 15 јуни.

Меѓународниот турнир има и хуманитарниот дел, на 14 јуни ќе се реализира и крводарителска акција.

 

ПретходноКрос: Играчите во Барса скапо го плаќаа доцнењето! За Реал тоа е смешно!
СледноИвановски: Се боревме и ова е голема победа за нас